Груевски: Растот на БДП е резултат на добрите придвижувања во економијата

 

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски денеска истакна дека најновите предвидувања на НБРМ за растот на БДП се резултат на добрите придвижувања во економијата оваа година.

- Централната банка претходно предвидуваше 2,3 отсто, но сега ја помести проекцијата на 3,3 проценти раст. Поместена е проекцијата и за следната година од 3,1 на 3,7 отсто, а за 2015 предвидениот раст е 4,4 проценти, напомена Груевски.

Премиерот додаде дека позитивните раздвижувања ја изненадија Централната банка, ММФ и други меѓународни институции. Сега сите вршат одредени поместувања на проекциите кон повисоко зашто досегашните предвидувања се реализираа повеќе од очекуваното.

- Во првите два квартала растот е околу 3,3 отсто што укажува дека трендот е подобар, економијата доживеа побрзо раздвижување и анимирање. Иако ризици се уште постојат поради актуелната европска должничка криза, перспективите за Македонија се подобри и од тој аспект Централната банка ја изврши корекцијата, рече денеска Груевски.

Премиерот додаде дека промените во прогнозите се резултат и на мерките кои ги презема Владата за подобрување на економијата, бизнис климата, привлекувањето странски инвеститори, поддршката и помагањето на домашните компании да дојдат до поевтини кредити.

Груевски потенцираше дека Владата и понатаму ќе работи колку што е можно повеќе со цел работите да се придвижат побрзо. 

10.11.2013 - 15:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега