Гасоводот на Клиники се пушта во употреба

 

Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска ќе го пушти во употреба гасоводот во комплексот клиники - ‘’Мајка Тереза’’. Со ова ќе се означи завршетокот на гасификацијата во комплексот клиники.

Како што информираше министерот Тодоров, целата инвестиција ќе чини околу 48 милиони денари и се оччекува да донесе финансиска заштеда но и заштита на здравјето на граѓаните. Со гасификацијата се опфатени сите клиники, преку централната котларница која сега се гасифицира.

 

10.11.2013 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега