Гостивар: Украле една јакна - во неа 2.000 евра
Засега непознати крадци опустошиле куќа во гостиварско Добри Дол. Според информациите од полицијата, арамиите влегле преку прозорец и комплетно ја пребарале куќата.
Откако ја “превртеле“ куќата, крадците нашле машка јакна во која имало златен накит “тежок“ над 2.000 евра.
Полицијата трага по сторителите.
10.11.2013 - 11:20
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа