ВИДЕО: Редици луѓе чекаат за вакцина во Белград- покрај пари се даваат и ваучери за додатна мотивација

Денес во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да се вакцинира може да го стори тоа без претходна најава, и може да избере достапни вакцини, пишува „Блиц“.

Редот започна да се формира веќе во 8 часот.

За дополнително мотивирање на граѓаните, оние кои ќе се вакцинираат денес, утре и в сабота ќе добијат подароци.

Така, денес, првите 100 вакцинирани лица ќе добијат ваучер вреден 3.000 динари (околу 1.500 денари) за пазарување во трговскиот центар. Оваа акција продолжува утре, кога првите 50 вакцинирани ќе добијат ваучер, но вреден 5.000 динари (околу 2.500 денари) за пазарување во продавниците на „Фешн и френдс“, а првите 100 вакцинирани в сабота ќе добијат пакет подароци од компанијата „БГ електроник“.

Контролниот пункт го подготвија Градскиот завод за јавно здравје и Градот Белград.

Вчера Вучиќ објави дека секој што се вакцинирал ќе добие 25 евра како подарок.

Макфакс

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2021 - 10:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега