Македонец сакал да шверцува 4.800 кутии цигари во Бугарија
Деновиве бугарската полиција го уапсила македонскиот државјанин Н.З. кој во Бугарија шверцувал цигари. Според податоците од бугарската полиција, Македонецот бил уапсен во Видин, каде со својот автомобил марка Форд се обидел да пренесе 4.800 кутии цигари.
Цигарите се запленети, а против македонскиот државјанин ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
08.11.2013 - 16:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа