Нови детали од истрагата: Од Музејот на Македонија украдени 60 предмети со непроценлива вредност

 

Во грабежот кој се случи пред два дена во Музејот на Македонија, биле украдени 60 предмети кои имаат непроценлива вредност. Според податоците од полицијата, се работи за непроценливи предмети најдени при ископувањата кај Стоби и Исар Марвинци уште од четвртиот век. Се работи за обетки, прстени, копчиња за кои сеуште не се знае кој ги украл од Музејот на Македонија.

Инаку, како што вчера дозна Пресс24, двајца кустоси пријавилое дека во Музејот на Македонија недостасуваат вредни предмети за кои тие биле задолжени, по што полицијата целосно го запоседна Музејот во обид да открие - каде исчезнале вредните артефакти. 

На разговор ќе бидат повикани сите лица кои бработеле и ви моментов работат во Музејот на Македонија.

08.11.2013 - 13:28
Фото: 
Алфа.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега