Стабилна здравствената состојба на затруените дечиња од градинката "Детска радост"

 

Затруените дечиња од градинката "Детска радост" се во стабилна здравствена состојба. Како што пренесува Плусинфо, дечињата кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни и високо фебрилни заболувања, се во добра состојба и без никакви здравствени компликации. Се работи за три дечиња, додека останатите се пуштени на домашно лекување.

Инаку, затруени беа тринаесет дечиња, а анализите кај нив потврдија присуство на салмонела.

Изминативе денови, министерот за здравство Никола Тодоров и премиерот Никола Груевски, најавија строги санкции за сите кои носат вина за случајот со труењето на дечињата. 

- Во секоја слична ситуација санкции треба да има таму каде што ќе се утврди конкретна вина. Значи, каде што ќе се најде конкретна вина ќе има санкции, нагласи Груевски и додаде дека кривични пријави се поднесени и за одговорните во случајот со труење со салмонела во градинка во Кисела Вода.

08.11.2013 - 10:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега