Двајца Албанци нападнале полицајци на Граничниот премин „Ќафасан“
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 13:15 часот на Граничен премин „Ќафасан“ од полициски службеници биле приведени 29-годишниот Х.Б. и 24-годишниот Г.Б., двајцата од Република Албанија, бидејќи при граничната проверка Г.Б. дал неточни податоци за неговата цел на патување и престојот во државата.
Како што соопшти полицијата, двајцата пријавени се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници. Лицата по насоки од судија од Основен суд Струга се спроведени во судот за понатамошна постапка.
10.04.2021 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа