За Грчката опозиција Атина има екслкузивно право на името Македонија

 

Коалицијата на Самарас инсистира на нејзината одлука за сложено име на Скопје, кое го содржи зборот Македонија и географска одредница, изјави пратеникот на опозициската грчка партија Независни Грци Теренс Куик.

Според него, употребата на зборот Македонија во името на нашата земја е „недозволиво“, а токму спротивното „станало јасно од вчерашната изјава на Аврамопулос“. Грчкиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Грција ќе прифати име со јасна географска одредница.

Куик потсети дека лидерот на Независни Грци, Панос Каменос неколку пати поднел писмени прашања до премиерот Андонис Самарас за името на Македонија, но тие останале без одговор.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, партијата Независни Грци смета дека Грција има ексклузивно право на името Македонија, и оти каква било употреба на овој термин во името на нашата земја значи „продажба на грчка Македонија“

најчитано сега