Избувна пожар во стан во Скопје
Во стан во Скопје, на улица „Ѓорги Сугаре“,сопственост на 43-годишниот О.Л., вчера во 02:35 часот настанал пожар при што биле опожарени неколку простории, информира МВР.
Пожарот е изгаснат и нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
09.04.2021 - 17:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа