Ректорот на ДУТ: Ќе се бориме по секоја цена доколку има измами во Универзитетот

Ректорот на Државниот универзитет во Тетово, Вулнет Амети, денеска на прес-конференција изјави дека полицијата е известена за случајот на фалсификувани дипломи од Факултетот за медицински науки.

- Од наша страна беа преземени конкретни мерки за откривање на генезата на овој флагрантен фалсификат со следење на ситуацијата на теренот скоро цела една година. И по разгледувањето на сите индикации и собирање на потребните докази, беа известени органите за Внатрешни работи, односно СВР – Тетово кои го истражија случајот понатаму и го уапсиле осомниченото лице кое во својата куќа имал работилница за извршување на ова кривично дело, изјави Амети на прес-конференцијата. 

Амети пред присутните потенцираше дека со ова докажуваат дека се решени да се борат по секоја цена против секаков вид фалсификување, корупција, измама и злоупотреба во Универзитот.

- Гарантираме пред пошироката јавност дека ќе бидеме непопустливи во нашата благодорна мисија која се состои во откривање на сите форми на криминал и нивно отстранување преку законски мерки, изјави ректорот Амети.

07.11.2013 - 14:13
Фото: 
Алсат

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега