Груевски позитивно ја оцени средбата Нимиц-Меркел: Добро е Германија да биде запознаена со спорот за името

 

Претседателот на Владата, Никола Груевски, денеска за време на поставувањето камен-темелник на ПЕТ-центарот во Скопје, изјави дека ја оценува како позитивна средбата на медијаторот Метју Нимиц со германската канцеларка Ангела Меркел. Според Груевски, добро е и германската канцеларка детално да биде запознаена со спорот за името.

 Не би  коментирал нешто каде што не сум бил присутен. Сосема е јасно зошто Нимиц бил поканет кај германската канцеларка Меркел. Знаеме со што се занимава тој и за кое прашање е поставен од ОН и сигурно дека тоа било главна и централна тема. Сосема е јасно дека Германија сака да има поточни и поконкретни информации. Германија е сериозен и можеби еден од најкрупите играчи во Европа во делот на политичките случувања, изјави Груевски, одговорајќи н новинарско прашање.

Македонија не гледа ништо лошо во тоа, напротив, гледа добро, додаде Груевски и потенцираше дека за Македонија е добро Германија да биде добро запознаена со случувањата со она што во минатиот период се случуваше во односите со нашиот јужен. Токму кога една таква значајна држава како Германија ќе биде во детали запознаеме ние само позитивно можеме да гледаме на тоа и никако поинаку, истакна премиерот Никола Груевски.

07.11.2013 - 13:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега