Извештајот на ЕК за Македонија денеска пред пратениците

 

Пратениците и денеска со полни раце работа. Во Собранието во рамки на 74 седница ќе се расправа за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

Ќе се расправа и за Предлог законот за изменување на Законот за судовите, Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка и за измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето, исто така по скратена постапка, Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2012 година, измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за даноците на имот, на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи и на Законот за пасиштата, на Законот за земјоделското земјиште, сите во прво читање.

И дополнувањата на Законот за социјалната заштита, на Законот за вештачење, и на Законот за парничната постапка, Предлог законот за медијација, Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост поднесен од пратениците од опозицијата, ќе се најдат пред пратениците.

07.11.2013 - 09:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега