Укината суспензијата на Дарко Станиќ
Дисциплинската комисија на ракометниот клуб Металург донесе одлука да ја укине суспензијата на голманот Дарко Станиќ по извршени разговори меѓу двете страни.
Стајиќ во изјава за официјалната веб-страница на Металург вели дека сите недоразбирања се расчистени на задоволство на двете страни.
- Свесен сум за мојот однос на натпреварот против Динамо Минск, но и јас сум само човек со свои маани и доблести. Секако дека жалам што првпат во својата кариера бев суспендиран, но се надевам дека сето тоа е веќе зад нас, вели Стајиќ за веб-страната на Металург.
Голманот додава дека се враќа на теренот и дека и понатаму ќе дава се од себе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа