Комисијата за земјоделство,шумарство и водостопанство ги поддржа измените за забрана на ГМО
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска на седницата ги поддржа измените и дополнувањата на Законот за безбедност на храна кои предвидуваат забрана на увоз, производство и пуштање во промет генетски модифицирана храна додека Македонија не стане членка на Европската унија.
Со измените се воведува и одредба според која сите правилници што ги носи Агенцијата за храна и ветеринарство, претходно ќе мора да добијат согласност од Владата.
- Со право се зголеми љубопитноста на граѓаните за ГМО, дали во Македонија се увезуваат или не. Но, треба да се знае дека досега, иако беше во сила Законот што не забрануваше увоз на генетски модифицирана храна, никој не побара дозвола од Агенцијата за увоз на ГМО, истакна заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски, образложувајќи ги измените.
Со измените ќе се забранат и производи кои содржат генетски модифицирана храна, како и производи составени од генетски модифицирани организми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа