Осум лица над 100 години се пријавиле за вакцинација
Осум луѓе на возраст од над 100 години се пријавиле за вакцинација против вирусот Ковид-19, објави Канал 5.
Преку „Вакцинација.мк“ вкупниот број на пријавени е 75.900 граѓани,а уште 52.351 граѓанин преку матичните лекари.
Според статистиката што ја објави телевизијата, Најголем дел од пријавените лица над 70 години се на возраст од 70 до 72, вкупно 15.235 граѓани.
Она што е интересно е дека најстариот пријавен граѓанин за имунизација е на возраст помеѓу 103 и 106 години. Седум се на возраст од 100 о 102, а 12 помеѓу 97 и 99 години.
08.03.2021 - 19:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа