Маж паднал во реката Вардар - полицијата не го пронашла телото
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кејот на реката Вардар, во близина на ПИОМ, машко лице паднало во водата.
Како што информира МВР по извршените пребарувања, телото не е пронајдено. Се работи на расчистување на случајот.
08.03.2021 - 16:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа