Полицаец од Гостивар пет години криел дека направил сообраќајка
Полициски службеник од Гостивар цели пет години криел дека направил сообраќајна незгода. Се работи за 36-годишниот Ш.А. од Чегране-гостиварско, инаку вработен како полицаец кој во 2008 година, по сообраќајна незгода со неговото возило кое целосно било оштетено набавил идентично возило од странство на кое го вградил бројот на шасијата од хаварисаното возило, по што ги сменил и регистарските таблички и го управувал во сообраќајот се до сега.
06.11.2013 - 13:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа