Бобо „Без пардон“ се закани од затвор: Ме наместивте - Господ ќе ви суди
Сопственикот на порталот Без пардон подоцна Комуникација, бобан Насев од затворот преку својот адвокат се закани дека господ ќе им суди на оние кои како штовелиго наместиле и осудиле без докази, јавува Либертас.
„Не се бричам додека Апелација не го врати случајот на повторно судење и не ја укине абнормалната казна за која нема ниту еден материјален доказ, туку само усмени изјави дека сум им земал пари. Натурализираните вмровски директорчиња од Штип редат пријави за клевета. Бев луди Милојко и ќе останам. „Комуникација и „Без пардон“ ќе работат и без мене“, порачува нивниот сопственик Бобан Насев во изјавата за Либертас.
Бобан Насев пред неколку дена доби 4,5 години затвор од штипскиот Суд откако беше прогласен за виновен за измами. Обвинителството докажа дека тој ветувајќи им вработувања, социјални станови и разни повластувања на повеќе лица успеал да се стекне со поголема сума на пари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа