Пратениците и денеска со полни раце работа
Во Собранието на Република Македонија пратениците денеска ќе ја продолжат 75. седница.
На дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, на Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, на Законот за внатрешната пловидба, на Законот за комунални дејности, на Законот за превоз во патниот сообраќај, како и измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, на Законот за железничкиот систем и на Законот за жичари и ски-лифтови, сите во прво читање.
Пред Собранието се и предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, на Законот за градење, на Законот за градежно земјиште, на Законот за гробишта и погребални услуги, на Законот за јавна чистота и на Законот за домување, сите во прво читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа