Попоски: Последниот грчки предлог „Славјано-албанска Македонија“ не заслужува коментар

 

Министерот за надворешни работи, Никола попоски, денеска истакна дека последниот предлог на Грција за „Славјано-албанска Македонија“  воопшто не заслужува никаков коментар.

- Не мислам дека воопшто заслужува коментар, изјави шефот на дипломатијата кој одговараше на новинарски прашања, по обраќањето на дебатата за „Економската стратегија на НР Кина кон земјите на Централна и Источна Европа - можност за стратегиско партнерство со Република Македонија“ .

Попосвски и на прашање дали може да се постигне договор со Бугарија, вели дека не се да шпекулира околу датумите: - Од бугарска страна беа упатени пораки дека не сакаат Бугарија да бидат пречка на европските интеграции на Република Македонија. Мислам дека од пораките што ги чувме и од властите и од опозицијата е дека Бугарија не би посакувала да биде пречка за македонската интеграција. Се надевам дека тоа ќе биде поткрепено со конкретни дела, изјави Попоски. 

Неодржувањето на средбата на Mешовитиот комитет Македонија-ЕУ, и информациите дека еврокомесарот за проширување Штефан Филе и директорот на Директоратот за проширување Кристијан Даниелсон, според Поповски не треба да се поврзува со европската агенда.

- Се работи за конкретни оперативни договори за состаноци. Убеден сум дека состанокот меѓу пратениците ќе се реализира, со ЕК имаме многу отворен и директен дијалог кој секојдневно се случува. Впрочем премиерот беше пред помалку од две седмици во Брисел имаше средби со комесарот Филе, со партнери од земји-членки. Таа комуниакција се одвива и тука постои само едно клучно прашање, а тоа е дали ќе успееме да ја убедиме и Грција дека може да има можност да биде контруктивен партнер и да го искористи своето претседавање со Европската унија за некој гест кој би бил во правец на европските интеграции а не во правец на блокадите, она што веќе пет години го прави, вели Попоски.

Министерот за надворешни работи додаде и дека РМ има една суштинска пречка, а тоа е петта година спротиставувањето од страна на Грција на почетокот на процесот на преговори. Тоа за што комуницираме и сме на потполна иста линија како со ЕК така и со земјите-членки е дека е неопходно процесот на преговори со ЕУ да отпочне час поскоро бидејќи на тој начин не само што го заштитуваме кредибилитетот на процесот на проширување со РМ туку и го зачувуваме оној основен принцип на проширување, а тоа е стабилноста, просперитетот и добрите соседски односи во едне поширок конктекст, оној балканскиот, изјави министерот Никола Попоски. 

 

 

05.11.2013 - 14:35
Фото: 
либертас.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега