Судот пресече: Лажната лекарка од Кавадарци ќе одлежи 11 месеци затвор
Лажната лекарка од Кавадарци, Љубица Каревска, денеска судот ја прогласи за виновна за трите кривични дела за кои беше обвинета: фалсификување на исправа, измама и надрилекарство.
Како што откри Канал 5, во здравствениот дом во Кавадарци, Каревски работела со фалсификувана диплома и лажна лиценца. Истрагата покажа дека 27-годишната девојка, неколку месеци работела во службата на Итната помош.
За измамата таа си заработи 11 месеци затвор.
05.11.2013 - 11:18
Фото:
делчеводенес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа