Алфите со полни раце работа - во октомври привеле 314 лица
Единицата за борба против криминалот „Алфа“ во текот на месец Октомврипривела вкупно 314 лица.
По основ на телеграма се приведени 36 лица, под сомнение за извршено кривично дело 45 лица, по извршено кривично дело 40 лица, на лице место во вршење на кривично дело 18 лица и за издржување на казна затвор шест лица.
Приведени се и четири лица кај кои било пронајдено оружје и тр лица кои возеле без соодветна документација, две под основа дека направиле царински прекршок и седум за прекршоци во сообраќајот. Приведени се и десет лица за непоседување соодветна документација за огревни дрва.
Вкупна дадена асистенција при вршење претрес на дом и други простории – 35 и се пронајдени: звучно сигнален пиштол; пиштол и ловна пушка; предмети од интерес на службата (печати и документи);пиштол и автоматски пиштол-шкорпион; куќиште од компјутер; три компјутери, дискови и мобилен телефон; двоглед и нож со сечиво од 25 см;повеќе лап-тот компјутери, полначи и мауси за истите што потекнуваат од извршено кд;
Исто така, предадено е едно лице за лажно пријавување како Полициски службеник, спречен е обид за самоубиство, дадена е асистенција за Државниот пазарен инспекторат при контрола на објекти, приведени се неколлу лица за поседување дрога, пронајдено е возило барано по телеграма, фатено е лице вработено во Шумска полиција кое вршело утовар на дрва без жиг, а предадени се и шест странски државјани со нелегален престој во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа