Македонија под снежна покривка: Метеоролозите со информации кога повторно ќе вее снег
Во повеќе делови од земјава е формирана снежна покривка особено во западните, каде што снежните врнежи беа пообилни.
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. Во Скопје температурата утре ќе биде од -4 до 3 степени.
За време на викендот и во почетокот на наредната седмица ќе преовладува претежно суво и многу студено време, со дневни температури кои во поголем дел од земјава ќе бидат под нулата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер. Во сабота ќе има локални слаби врнежи од снег
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа