Толку од сонцето - од вторник дожд

 

 

Сончево време со мала доумерена облачност ќе преовладува денеска во Македонија. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, особено во крајните северозападни делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд.

Во утринските часови ќе има појава на магла долж котлините и речните долини. Попладне постепено видливоста насекаде ќе се зголеми и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утре претпладне температурата ќе се движи од нула до девет, а дневната од 18 до 23 степени.

Во Скопје и околината претпладне се очекува да има магла, а во попладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе достигне до 19 степени.

Во понеделник ќе биде стабилно и суво со магла по одделни котлини и речни долини, а во крајниот северозападен дел ќе има услови за зголемување на облачноста и за краткотраен дожд.

Поголемо зголемување на облачноста се очекува од вторник кога на повеќе места во државата ќе има локални врнежи од дожд.

02.11.2013 - 13:11

најчитано сега