Повреденото девојче кај Кочани осми ден во кома - 4 деца пуштени дома

 

Четири од повредените деца во несреќата кај кочанско Оризари во текот на денот ќе бидат пуштени на домашно лекување јавува Здравство24. Сите се во подобра здравствена состојба, информираше министерот за здравтво Никола Тодоров. Децата беа  хоспитализирани на клиниката за Неврохирургија. На оваа клиника останува уште едно дете кое веднаш по сообраќајната несреќа беше оперирано. Иста е состојбата на двете вдевојчиња кои се на лекување на КАРИЛ. Најтешко повреденото 14 годишно девојче веќе 8-ми ден е во кома и е на апарати за дишење. Во центарот за интензивно лекување има уште едно девојче кое е во тешка но свесна состојба. Подобра е состојбата и на двете деца кои се примени на Пластична хирургија и во градската хируршка болница св. Наум Охридски

најчитано сега