„Четврток“ на Милчо Манчевски ќе биде прикажан во 19 градови во Германија
Филмот „Четврток‘‘ во режија и сценарио на Милчо Манчевски од денеска се прикажува во 19 градови низ Германија. Прикажувањето почнува од Берлин, Хамбург и Котбус, а завршува на 29-ти ноември во Бремен.
„Четврток‘‘ е еден од ретките филмови на македонски автор што некогаш бил дистрибуиран во Германија. Филмот е американска продукција, снимен е во Њујорк годинава и беше премиерно прикажан на Венецискиот филмски фестивал. Други автори во оваа програма се Бернардо Бертолучи, Џејмс Франко, Ким Ки-дук, Абас Кираостами, Пол Шредер,... Продуценти на „Четврток“ се Арон Левин и Џералд Херман, кинематографер е Уна Ли, монтажер Питер Мостерт, а композитор на музиката Игор Василев Новоградска. Во главната улога настапува актерката Лора Ласи.
„Четврток‘‘ во последните неколку месеци беше прикажан на меѓународниот филмски фестивал во Сао Паоло, Бразил, на италијанскиот канал РАИ Муви, и на фестивалот во Сиракјуз, Њујорк.