Тешка несреќа во Скопје: Се судрија „голф“ и „хјундаи“
Две лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила во Скопје.
- На 26.11.2020 во 17:50 часот на крстосница од сервисна улица која ја поврзува обиколница на град Скопје со локален пат село Стајковци - село Раштак се случила сообраќајна негзода помеѓу патничко моторно возило „голф" со скопски регистарски ознаки управувано од 54-годишниот А.М. од Скопје и патничко моторно возило „хјундаи" со скопски регистарски ознаки управувано од 36-годишниот С.Е. од Скопје. По незгодата С.Е. и сопатникот од возилото „хјундаи", 40-годишната И.И. биле пренесени во Градска општа болница „Св.Наум Охридски" каде на С.E. му биле констатирани повреди а на И.И. ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот, информира МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа