Новинарот Бобо „Без Пардон“ доби 4 ипол години затвор

 

Четири ипол години во затвор ќе треба да помине сопственикот на порталот Без Пардон, подоцна Комуникација, Бобан Насев.  Ваква одлука денеска донесе основниот суд во Штип, откако Насев беше пријавен за измам од неколку лица.
Обвинителството успеало да докаже 5 случаи на измама во кои Насев, претставувајќи се како висок функционер во неколку државни институции, на оштетените им ветувал вработувања и разни други поволности. На сите им земал поголеми суми пари кои во некои случаи достигнувале и до 10.000 евра.
Додека пресудата стане правосилна, Насев ќе остане во притвор.

 

 

30.10.2013 - 13:32

најчитано сега