Тарнер: Да ја наградиме Македонија за постигнатиот напредок

 

Американскиот републикански конгресмен од Охајо, Мајкл Тарнер  вчера говореше на вчерашната седница на Хелсиншката комисија на САД, посветена на состојбата во Албанија во пресрет на изборите и изјави дека Македонија треба да се награди за постигнатото.

- Длабоко сум разочаран поради недостигот на дискусија за проширување на НАТО на самитот во Чикаго. Црна Гора и Македонија имаат неверојатен напредок и треба да бидат охрабрени да продолжат да земаат проактивни чекори. Членството во НАТО ја подобрува регионалната сигурност и дипломатските односи и е чекор напред кон членство во Европската унија. Но, оваа администрација не успеа да го промовира проширувањето на НАТО и прави малку за да ги охрабри нашите транс-атлански партнери. Се плашам дека ова запоставување доаѓа во клучно време за многу држави аспирантки, особено на Балканот, кои направија сериозни чекори за да им се приклучат на своите демократски партнери. Ние треба да го промовираме проширувањето на НАТО и да ги наградиме Македонија и Црна Гора, со што ќе ги охрабриме и аспирантите во Босна и Херцеговина, Косово и Србија, изјави Тарнер на вчерашната седница.

ФОТО:Сител 

најчитано сега