Средба Димовски-Штајнакер: Продолжува македонско-германската соработка во земјоделството

 

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски се сретна си германската амбасадорка Гудрун Елизабет Штајнакер.

На средбата беше констатирана успешната соработка на Македонија и Германија во областа на земјоделството и двајцата соговорници оценија дека таа треба и понатаму да продолжи.

- Германија е еден од стратегиските партнери на Република Македонија во поддршката на структурните и правни реформи во процесот на европската интеграција, рече Димовски кој, како што соопшти Министерството за земјоделство, ја информира Штајнакер дека од септември почнува нов твининг проект за Вкрстена сообразност во директните плаќања во кој експерти од Германија се партнери на нашето Министерство за земјоделство.

- Германија, истакна амбасадорката, произведува вино, но не со толку долга традиција како Македонија. Германија е позната по квалитетот и разноликоста на белите вина, но Македонија има квалитетни црвени вина. Штајнакер воедно ја нагласи важноста на Меѓународната организација за лозарство и вино во која Македонија и Германија се постојани членки. 

најчитано сега