Министерот Џафери на средба со турскиот колега Јилмаз
Денеска министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери се сретна со својот турски колега Исмет Јилмаз.
На средбата била констатирана одличната соработка помеѓу Македонија и Турција.
-„Министерот Џафери се заблагодари и за континуираната поддршка на нашите турски пријатели за процесот на интеграција на Република Македонија во НАТО, особено земајќи го предвид фактот дека амбасадата на Република Турција во Република Македонија од почетокот на оваа година е НАТО-контакт амбасада“, се наведува во соопштението од одбрана.