МАН и ЗНМ со реакција по заканите на функционерот на СДСМ кон порталот Максим

 

Македонските новинарски здруженија со реакција по заканите на членот на општинската организаиција на СДСМ, во Струмица, Миле Милановиќ.

„ЗНМ смета дека носителите на политички функции без разлика дали се на власт или во опозиција е непримерно е да се послужат со закани во комуникација со новинари. Секој граѓанин има право да реагира на некоја информација која ја смета за неточна и да бара исправка или демант, а медиумите имаат обврска тоа да го објават доколку фактите во пренесената информација се неточни. Професионално е кога новинарите пишуваат за било која јавна личност добро да ги проверат информациите пред да ги објават. Ако демантот се игнорира, тогаш граѓаните имаат право да ги користат и правните инструменти за ги заштитат нивните права. Но тие во никој случај не смеат, а посебно  не политичарите, кои ги претставуваат политички партии, кои во своите програми се залагаат за слобода на изразување, не смеат да користат речник, кој во себе содржат заканувачки пораки“ - велат од ЗНМ

Реагираа и од Македонската асоцијација на новинари.

„Бараме од Миле Милановиќ, член на извршен одбор на општинската организација на СДСМ во Струмица, да ги повлече заканите и во иднина да не користи вакви форми на заплашување на медиуми и новинари. “ - велат од МАН

28.10.2013 - 20:49

најчитано сега