Заев- Брегу: Отворени сме за регионална соработка на патот за исполнување на евроинтеграциската стратешка цел на земјата

Претседателот на Владата Зоран Заев, денеска се сретна со генералната секретарка на Советот за регионална соработка (СРС) Мајлинда Брегу, која ја посети нашата земја, како дел од агендата за посета на земјите од регионот.

На средбата, беше истакната важноста на постојано унапредување на регионалната соработка меѓу земјите од регионот во справувањето со предизвиците, земајќи ги предвид потребите во делот на  економскиот развој, подобрување на конкурентноста, унапредување на дигиталната инфраструктура и вложување во слободен проток на трговија.

Беа истакнати повеќе активности на Советот за регионална соработка, насочени кон олеснување и унапредување на регионалната соработка со цел остварување на евроинтеграциската стратешка цел на нашата земја, која е посветена на одржување на пријателски односи со соседите и надминување на економско-здравствената криза.

Премиерот Заев изрази уверување дека Владата гарантира континуитет во спроведувањето на заедничките стратешки приоритети, членство во НАТО и ЕУ, унапредување на меѓуетничките и добрососедските односи и продолжување на напорите за економски раст и развој  и успешно справување со светската пандемија на вирусот КОВИД-19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 17:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега