Бит Пазар: Како на филм - отишле да убијат двајца браќа, но по грешка го убил партнерот

 
Синоќа се случил крвав инцидент на Бит Пазар при што едно лице го загуби животот.
 
Инцидентот се случил синоќа во 3 часот на улицата Менделеева на Бит Пазар. Две непознати лица вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во станот на двајца браќа кои пак храбро им се спротивставиле. Браќата и насилниците започнале тепачка во која во еден момент еден од насилниците удрил еден од браќата со рачката од пиштолот. Другиот насилник во турканицата која настанала  испукал куршум од автоматската пушка при што го погодил својот партнер кој починал на местото на настанот.
 
По убиството, веднаш избегал од местото на настанот.
 
Полицијата работи на расветлување на случајот.

најчитано сега