ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека мандатот е доделен без докази и спротивно на Уставот
Стево Пендаровски како Претседател на државата соопшти дека ќе доделува мандат за влада спротивно на Уставот по принципот „прв дојден, прв услужен“. Претседателот Пендаровски треба да биде свесен за сериозноста на својата функција, реагираат од ВМРО- ДПМНЕ по изјавата на претседателот Пендаровски.
-Наместо да се однесува како претседател на граѓаниите Стево Пендаровски призна дека мандатот е доделен без доказ за мнозинство и е узурпиран. Со што Пендаровски директно овозможи купување на време за непринципиелното купување на гласови на пратеници- реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
13.08.2020 - 18:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа