Отворено Здружение на граѓани кои боледуваат од пулмонална хипертензија

 

Асоцијацциата за пулмонална хипертензија „Момент плус“ вчера вечерта во Гевгелија го отвори Здружението на граѓани, пациенти кои боледуваат од  пулмонална хипертензија.

Целта на ова здружение е да ги заштити луѓето кои боледуваат од пулмонална хипертензија, да го запознава општеството со особините на заболувањето и да ја подигне свеста за постоењето на пулмоналната хипертензија како ретка и потенцијално смртоносна болест на белите дробови.

На отворањето беше истакнато дека пациентите често се соочуваат со тешкотии затоа што болеста резултира со траен инвалидитет поради што се спроведуваат истражувања насочени кон развојот на алтернативни стратегии за лекување бидејќи во Македонија нема други лекарства освен „силденафил“ кој се користи кај еректилната дисфункција,но е многу скап. 

26.10.2013 - 11:32

најчитано сега