Ковачевски: Мицкоски да го облече работничкото одело и да помогне во справувањето со хаваријата во РЕК Битола
Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска реагираше на последните прес-конференции и соопштенија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Вработените во рудниците ги вложуваат најмаксималните напори да се средат состојбите и да се врати нормалното функционирање во рудникот Суводол, а потоа и во рудникот Бродњоти. Меѓутоа, мотивацијата нивна е голема од една страна, но крајно се разочарани од политичките изјави од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски кој во овој период наместо да помогне, само одмага, рече Ковачевски.
Според него, најдобро е во овој момент ВМРО-ДПМНЕ да молчи.
-Доколку нешто не му е јасно, особено на професорот Мицкоски кој во одреден период беше директор во компнијата нека го соблече удобното салонско одело и лакираните чевли. Нека облече работничко одело како нас и нека дојде во рудникот Суводол да види со каква елементарна непогода се справуваме сите во комбинатот и во нашата компанија, рече Ковачевски.
Ковачевски: Мицкоски да го облече работничкото одело и да помогне во справувањето со хаваријата во РЕК Битола
Posted by Press24.mk on Monday, 10 August 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа