Твитер сака да ја купи ТикТок и да ги преземе американските операции

 

Twitter се обрати до кинеската компанија ByteDance која ја поседува апликацијата TikTok и изрази заинтересираност за преземање на американските операции на апликацијата за споделување видеа.

Далеку од извесно е дека Twitter би можел да го надмине Microsoft Corp и да заврши таков трансформативен договор во рок од 45 дена, ултиматумот што американскиот претседател Доналд Трамп ѝ го даде на ByteDanceu за да се согласи на продажба.

Веста дека Twitter и TikTok се во прелиминарни разговори и дека Microsoft и понатаму води во трката за преземање на американските операции на оваа апликација, прв ја објави Wall Street Journal.

Twitter има пазарна вредност од околу 30 милијарди долари, што е речиси идентична вредност со проценетата вредност на активата на TikTok што треба да биде преземена.

„На Twitter ќе му биде тешко да собере доволно финансиски средства за да земе барем американските акции на TikTok. Нема доволно капацитет“, смета Ерик Гордон, професор на Универзитетот во Мичиген. Според него, ако Twitter се обиде да состави група инвеститори, условите ќе бидат многу тешки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега