Стојаноска: По 15 јули новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за решавање на проблемот со депонијата Русино
Дафина Стојаноска, носител на изборната единица 6 денеска беше пред депонијата Русино каде рече дека како носителката на листата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За обнова на Македонија во чија што програма од 6те стратегиски определби е заштита и унапредување на животната средина изјави дека итно ќе се зафатат на прашањето на нерегулираните депонии каква што е Русино.
-Во првите 100 дена од формирањето на Владата ќе следи и безусловна забрана на увоз за опасен материјал. Владата ќе изработи и методологија за поддршка на регионалните центри за управување со отпад што предвидува поставување преработувачки центри за секундарна селекција и добивање енергија и био гориво. Сето ова во соработка со планските региони и единиците на локалните самоуправи. Клучниот збор лежи во соработката или поточно во немањето соработка во изминативе години или децении, истакна таа.
Стојаноска потсети дека СДСМ освен протестите и ветувањата дека аерозагадувањето ќе се реши кога ВМРО-ДПМНЕ нема да биде власт, ништо друго не стори изминативе три години. Таа посочи дека за разлика од СДСМ во време на владите на ВМРО-ДПМНЕ се обезбедуваа средства за ова и за останати теми од животната средина, но некаде истите се реализираа од страна на локалните власти, а некаде за жал и сеуште не и овде ги наведи реализираната пречистителна станица за питка вода во Гостивар, милион и двеста илјади евра за водоводот во Тетово, 100 милиони денари за регулација на коритото на Вардар во Јегуновце, пречистителна станица во Теарце итн.
-Конечно единствен начин да се реши проблемот со Русино е да се изгради посебен канал за испуштање и третирање на отпадните води од отпадот. Во меѓувреме да се најде и соодветна локација за да се инвестира во постројки за рециклажа на отпадот од Русино. Како што кажав претходно за да се спроведе ова потребно е поголемо залагање на централната власт односно министерството за животна средина, но и соработка со локалната власт, потенцираше Стојаноскa.
Стојаноска порача дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го избегне овој акутен и сериозно опасен проблем за Гостивар и цела изборна единица 6, туку активно и итно ќе се завземе за изнаоѓање решение на истиот. Обнова мора да има и за ова прашање. Таа обнова доаѓа од 15 јули.
Стојаноска: По 15 јули новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага за решавање на проблемот со депонијата Русино
Posted by Press24.mk on Sunday, 12 July 2020
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа