СДСМ: 550 милиони евра финансиска помош за граѓаните и стопанството

„Преку трите пакети мерки со вкупна вредност од 550 милиони евра, донесени од Владата предводена од СДСМ, ја надминуваме економската криза и обезбедуваме заживување и трансформација на македонската економија.

Првите два пакети мерки се насочени за поддршка на економијата и зачувување на работните места на граѓаните, а мерките од третиот пакет обезбедуваат заживување на македонската економија преку директна поддршка и на граѓаните и на стопанството“, велат од СДСМ.

„Третиот пакет мерки гради нова, развојна македонска економија, со него се зголемува потрошувачката и се стимулира заштита, промоција и раст на домашната економска понуда.

Истовремено ќе се зголеми конкурентноста на нашите компании на домашно и светско ниво, ќе се активира и помогне домашниот туризам, но и ќе се промовираат нови земјоделски култури и ќе се обезбеди дополнителна поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно прозиводство

Преку трите сета економски мерки, кои опфаќаат 730.000 корисници, ги поставуваме темелите за брза трансформација на македонската економија.

СДСМ се грижи за сите граѓани и за сите компании. Заедно ќе излеземе од оваа криза уште похрабри и уште посилни“, соопштуваат од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега