ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ е само пример како не треба да се работи, пример за погрешни политики

Доцна е СДСМ да говори за победа, бидејќи е се поочигледен поразот на избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните видоа за овие три години што добија од СДСМ. Граѓаните добија корупција, криминал, сиромаштија.

За овие три години Република Македонија падна на дно во сите полиња, единствен бенефит видоа бизнисите на Заеви и нивните пријатели.

Владата предводена од СДСМ не успеа да го заштити здравјето на граѓаните, а за тоа говорат бројките на новозаболени. Нема ниту навремен скрининг на населението што е клучно за креирање на соодветни здравствени политики.

Владата предводена од СДСМ ниту во  делот на економијата не постапи соодветно и навремено. За тоа говори малиот број на правни субјекти кои ги користат мерките понудени од владата за справување со последиците од корона вирусот. За тоа говори бројката на отпуштени работници.

 

Владата предводена од СДСМ е само пример како не треба да се работи, пример за погрешни политики.“ наведуваат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега