Манчевски: Одговорно е да имаме избори во првиот можен рок, согласно здравствените препораки

Одговорно е да имаме избори во првиот возможен рок, во моментот кога здравствените власти тоа ќе го препорачаат. Декември е крајниот термин кога според уставните рокови ќе мора да одржиме избори. ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни, бидејќи ако немаме функционално Собрание ќе влеземе во опасно сценарио, кога ќе мора вештачки да воведуваме вонредна состојба само за да го одржиме системот функционален. Тоа неодговорно. 

Ова денеска во гостувањето на „Само вистина“ го истакна потпретседателот на СДСМ и министер за администрација, Дамјан Манчевски. 

Вели дека е клучно да се почитува мислењето на здравствените власти од каде сметаат дека во јуни, поради досегашните рестрикции,  не очекува период на стивнување на епидемијата од корона вирусот и затоа е неопходно изборите да ги организираме во тој период.

-ВМРО-ДПМНЕ се контрадикторни и неодговорни. Ние сметавме дека Собранието може да заседава, тие беа против тоа. Во услови ако имавме активно Собрание,  ќе бевме покомотни и ќе можевме да разговараме за избори во друг термин. Доколку во одредена ситуација нема потреба од вонредна состојба, а од друга страна немаме избори во првиот можен рок, како ќе функционира државата. Ние ќе треба вештачки да ја продолжуваме вонредната состојба за да имаме функционален систем, што не е добро. Влегуваме во опасно сценарио без парламентарна контрола. Ние сме одговорна власт, но ако ова трае предолго тоа не е добро за демократијата“, нагласи Манчевски и потсети дека и други земји како Франција, Србија и Хрватска брзаат да го искористат овој период за избори, во случај да има втор бран од вирусот, рече Манчевски.

Тој додаде дека и бизнис заедницата бара стабилност, предвидливост и затоа мора да се обезбеди фунционален систем кој ќе го овозможи тоа согласно заздравувањето на економијата.

Во однос на изборната кампања Манчевски е дециден дека веќе не можеме да очекуваме класична кампања, СДСМ нема да планира митинзи и целата кампања ќе ја прилагоди, ќе ја насочи на онлајн активности, преку социјалните мрежи и без масовни собири.

Манчевски зборуваше и за новиот пакет економски мерки вреден 500 милиони евра.

-Овие мерки се дополнителни  и ги адресираат денешните проблеми но идниот развој на економијата. Денеска е најавен и третиот сет на мерки, кои ќе бидат имплементирани, станува збор за сериозна поддршка од на граѓаните и на економијата во висина од 500 милиони евра, што во основа е продолжувања на нашата досегашна политика парите кај граѓаните, додаде Манчевски.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега