Министерството за култура поднесе пријава против Шилегов за навреда и клевета
Министерството за култура поднесе пријава против Петре Шилегов до надлежниот Суд за навреда и клевета.
- Господине Шилегов, Министерството за култура поседува видеозапис од вашата прес-конференција со кој, во судска постапка многу лесно, повторно ќе докажеме дека вие и вашата партија СДСМ се служите со лаги и невистини и ја манипулирате македонската јавност. Искрено ви благодариме, г. Шилегов, за укажаната можност, повторно, пред надлежните судски инстанци да дадеме транспарентен отчет за нашата работа и во оваа смисла, ве уверуваме дека и неаргументираните изјави изречени на денешната прес-конференција ќе бидат составен дел од споменатата тужба, се наведува во денешната реакција од Министерството за култура.
22.10.2013 - 15:28
Фото:
данаучиме.мк