Најмалиот робот на светот се движи на меурчиња (ВИДЕО)
Истражувачи создадоа робот за кој тврдат дека е најмал микроелектронски робот на светот.
Овие „роботчиња“ имаат погонски систем кој за првпат е тестиран пред десетина години, а работат така што испуштаат двоен млаз меурчиња. Развиен од меѓународен тим на научници, роботот е широк само 0,8 милиметри, а висок 0,14 милиметри.
Тие можат далечински да се управуваат со помош на далечинско, а кога ќе го примат сигналот се загрева една од двете полимерни цевки кои одат долж двете страни. Двете цевки користат водоник-пероксид и вода.
Внатрешноста на роботот е мала количина на платина која предизвикува реакција, создавајќи меурчиња кои се исфрлаат од задната страна на цевките за да створат притисок. Роботите се управуваат лево или десно така што едната од цевките се загрева, а доколку нема топлина ќе се движи во круг.
Тимот научници предвидуваат иднина во која овие мали роботи би можеле да се користат за достава на лекови во некои делови од човечкото тело. Меѓутоа, првиот чекор кон таа цел е да се пронајде некое гориво кое подобро би се „сложило“ со човечкиот организам, и во моментот се работи на тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа