ВМРО-ДПМНЕ: На аболицирани криминалци не име место во политиката, нивна цел е само незаконско богатење

Целата македонска јавност е сведок дека Зоран Заев е директно инволиран во случајот „Рекет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Зоран Заев стои зад „Рекет“. ВМРО-ДПМНЕ бара од МВР и Јавно обвинителство веднаш да се отвори случај против Зоран Заев за сторено кривично дело, прикривање и помагање во сторување кривично дело. Никаква аболиција или амнестија не смее да има. ВМРО-ДПМНЕ од  МВР и Јавното обвинителство исто така бара да се започне со вештачење на телефонот на Зоран Заев. Зоран Заев е должен да објасни зошто молчел од 3-ти април кога го предупредил Боки 13 дека го следат обвинители и служби од странска земја до 22 април кога наводно пријавил?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Велат дека очигледна е спрегата помеѓу Заев, Рускоска и обвинетите.

-На овој криминален канцер ќе дојде крајот. Тој ќе се исчисти на следните избори кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи и кога правото и правдата ќе завладеат во Република Македонија. Заев знае дека ќе биде казнет и затоа го пцуе народот. Заев се надева дека пак ќе манипулира со невладините кои молчат на неговото фалење дека ги контролира. Ваквиот криминоген карактер на Заев ја држи три години Македонија заробена од хибриден режим. Три години пропаст, корупција и неспособност. Казната пристигнува, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.05.2020 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега