Николоски: Фатени се во криминал, тоа е причината за ваквото нивно очајно однесување

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 истакна дека кај Зоран Заев и кај СДСМ очигледен е очајот поради нивната инкриминираност и вмешаност во криминал во случајот Рекет, но и други останати криминални дејанија. Николоски посочи дека по завршниот збор на Бојан Јовановски во судницата за случајот „Рекет“, Зоран Заев на македонската јавност и должи многу одговори.

-Очајот го гледаме, јасен е. Одговорите кои што треба да ги добие македонската јавност се, какове можно на 3 април да ги известил осочмничените во Рекет, а сега еден е веќе осуден за тоа дека се води случај против нив иако самиот тој тврдеше дека случајот го пријавил на 23 април. Иако до ден денес не ја видовме писмената белешка дека го пријавил случајот. Јас лично од него во јавноста барав да покаже писмената белешка затоа што соогласно кривичниот законик постои начин како се пријавуваат кривични дела и затоа пријавителот мора да добие писмена белешка. А таа не ја добивме. Второто прашање на кое јавноста очекува одговор, а не го доби ни вчера ни денеска е како е можно Зоран Заев да ветува повластен статус на одредени осомничени од страна на СЈО. Што е исто така кривичниот дело. И третиот одговор кој што не го добивме ни вчера ни денес е како е можно во Охрид да биле наместени изборите, кога јасно беше вчера кажано дека биле местени изборите и имало параполиција, вели Николоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега