Ѓорѓиевски: Заев и ЈО да кажат дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата

Дали е вистина дека Ден Дончев веќе ја напуштил државата и дали Зоран Заев и Вилма Русковска ќе преземат одговорност за тоа, праша на прес конференција Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– ЈО со месеци молчи и не презема никакви активности против Дончев, иако истиот е посочен од страна на Вера Иванова, сопственичка на „Диамед“ и нејзиниот адвокат, како човек кој заедно со Зоки Кичеец, омилениот рекетар на Зоран Заев барале удел во нејзината фирма, па откако не им бил даден уделот барале дел од парите од продажбата на фирмата. Ден Дончев континуирано во период од неколку месеци ја минирал продажбата на „Диамед“ на странски инвеститор, токму со таа причина. Ден Дончев е еден од клучните играчи на криминалниот октопод и неговото евентуално завршување во притвор би значело откривање на сите пикантерии. Затоа ЈО молчи и заедно со Заев дозволија да избега, затоа што само така се штити самиот Зоран Заев – обвини Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека Обвинителството иако има докази против Дончев не покренало истрага и овозможува тој да избега.

– ЈО молчи и сега откако јавно медиуми обелоденија дека Дончев земал и до 2 милиони евра мито од фирми кои вршеле здравствени услуги на територија на Република Македонија за навремено да им се исплатат парите од ФЗОМ кои што впрочем им следуваат согласно закон. Доказите за овој криминал според објавеното во медиумите ги имаат и во ЈО, но реакција до денес нема. Нема затоа што ЈО го штити Зоран Заев кој што е главата на криминалниот октопод, со чие знаење се вршени сите дејствија – рече Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега