Славевски: Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓани ја надминала помошта која ја пружа македонската Влада

Помошта која ја нуди македонската Влада на маржакедонското стопанство е премала и задоцнета истакна професорот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески коментирајќи ја лошата економска состојба во државата како резултат на епидемијата на коронавирусот.

Тој посочи дека Република Македонија е земја во регионот и Европа која одвои најмалку за помош на своето стопанство, додавајќи дека Србија само со исплатата на 100 евра на секој полнолетен граѓанин ја надминала помошта доделена во Македонија.

-Факт е дека Република Македонија е земја во регионот и во Европа со најниска помош во однос на бруто домашниот производ, онаа што барем е проектирана, да видиме колку ќе се реализираа. Таа не надминува 1, 1,2 проценти од БДП зборува за тоа дека не сме биле доволно подготвени да одговориме на потребите на економијата која се најде во оваа тешка депресија. Само да споменам дека соседна Србија со една мерка, поделбата на оние 100 евра на полнолетните граѓани, стигна до 500 милиони евра, што е еден процент од нивниот БДП. Тие нудат исплата на три минимални плати за исплата на погодените сектори, понатаму одложување на отплаќање на придонесите, даноците што нели ќе дојде таму до 3,5 милијарди евра, што изнесува многу повеќе од поддршката која ја пружа македонската Влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега