Ѓорѓиевски: Заев го евакуира и спасува Дончев, зошто ЈО се уште молчи и не го повикува на разговор?

Според тврдењата и пишувањата на медиумите Ден Дончев бил главата на криминално рекетарска шема за земање на мито од фирми кои пружаат разни услуги во здравствениот сектор, за услуги кои ги покрива ФЗОМ. Ден Дончев, бизнис ортакот на Заев и во содејство на омилениот рекетар на власта Зоки Кичеец спроведувал рекет на територија на Република Македонија, објавија медиумите, изјави денеска членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Заев сега спроведува операција за евакуација на Дончев и негов спас. Вистинското прашање е зошто Ден Дончев се крие од јавноста и што точно знае?
Фирмите како што пишуваат медиумите биле уценувани со исплата на кеш пари на рака на Дончев, со цел истите отпосле редовно да се наплатат од ФЗОМ. Ова е класична злоупотреба на позицијата на најдрзок можен начин. Дончев буквално се однесувал како шериф. Според податоците изнесени во медиумите доказите за овој мега криминал, кој претставува впрочем скандал пар екселанс ги има во зградата зад нас. Зошто ЈО се уште молчи и не смее да го повика Дончев на разговор?“

-Очигледно Дончев е бела мечка за ЈО и со многу го задолжил Зоран Заев кој што впрочем е главата на овој криминален октоподот. ЈО мора да излезе од сенката на Заев и да покаже дека работи согласно закон. Ден Дончев веднаш да биде повикан на распит и да се отвори соодветна истрага против него. ЈО ќе биде директно одговорно, доколку Дончев си сите сомневања за криминал избега од државата. ЈО и сите замешани во случајот треба да знаат дека прикривање и помагање на криминал е исто така криминал, дело за кое се одговара согласно закон. Одговорност ќе има за сите и затоа повикуваме на строго почитување на законите во Република Македонија, подвлече Ѓорѓиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега